Роден е во 1976 година во Прилеп, Република Македонија, каде што го завршил основното образование и нижата музичка школа, со инструмент пијано под водство на нас. Миле Стојкоски.
Од 1991 до 1995 година го посетувал среднато музичко училиште во Битола со инструмент виолончело кај професорот Панде Тунтевски, а талентот за соло пеење го открил професорот Пеце Митревски.
Од 1998 до 2002 година студирал на Националната музичка академија „Панчо Владигеров“ во Софија, отсек Соло пеење кај Проф.Иванка Нинова. Како одличен студент настапува на многу концерти и музичко сценски дела како во Академијата така и надвор од неа.
Во 2002 година дебитирал во „ Македонска Опера и Балет“ во улогата на Мазето во операта „Дон Џовани“ на Моцарт, а потоа и во „Лидија од Македонија” на Ристо Аврамовски, во улогите на Цезар и Ангел.
Од 2002 до 2004 година живеел и работел во Виена, Австрија, настапувајќи како хорист на познатиот фестивал „Кланг Боген“ во најстариот Виенски театар „Андервин“.
Во 2006 година специјализирал соло пеење кај еден од најпознатите бугарски басови, Маестро Никола Гјузелев, кадешто го усовршил максимално вокалното мајсторството на оперското пеење.
Во 2016 година магистрирал на Националната музичка академија во Софија, кај проф. Илка Попова.
Од 2007 година е главен солист на Државната опера Бургас, Бугарија, каде што ја започнал својата солистичка кариера. Во краток временски период совладува многубројни главни баритонски улоги.
Од 2008-2010г одржува турнеја низ Америка: Балтимор,Вашингтон,Дејтона ,Нејпалс,Лос Анџелес, Нју Џерси, Нју Јорк, Лас Вегас, Бостон, Тампа, Атланта , Ричмонт, Вичита итн, каде што ги толкува главните улоги: Марчело, Амонасро, Тонио , Алфио, Ескамило во оперите „Боеми” – Џ.Пучини, „Аида” – Џ.Верди, „Кавалерија Рустикана” -П.Маскањи, „Паљачи” – Р.Леонкавало, „Кармен” – Ж.Бизе.
Во 2008г учествувал на натпреварот за млади оперски пеачи „Масимо Белли” во Градот Сполето, Италија, каде што добива награда за Вердиев баритон (Baritono Vero)
Од 2009-2012 бил редовен гостин во операта Марибор, Р.Словенија, каде што дебитирал во главните улоги на Принц Елетски „Пикова Дама” – П.И.Чајковски, Дон Калос од Варгас „Моќта на Судбината” – Џ.Верди , Скарпија „Тоска” – Џ.Пучини и многубројни концерти .
Во 2010г учествувал на натпреварот за млади оперски пеачи „Гена Димитрова” во Плевен Р.Бугарија каде што освоил втора награда.
Истата година гостувал на фестивалот „Крижанке” во Љубљана каде што настапувал со една од најдобрите Мецосопрани на сите времиња Елена Обрасцова ,исполнуваќи ја улогата на Принц Елетски во „Пикова Дама” од П.И.Чајковски.
Во 2010 година дебитирал во улогата на Набуко во истоимената опера на Џ. Верди, настапувајќи на отворени сцени во Штудгарт, Ханау, Штатлон, Баден Баден каде што паралелно пеел многубројни концерти и ја играл главната улога на Амонасто во „Аида” од Џ.Верди.
Во 2013 година гостувал во Националната опера во Сараево, толкувајќи ја главната улога на Жорж Жермон во „Травијата” од Џ.Верди.
Од 2014 г. се вработува како солист-првнец во „Македонска Опера и Балет” каде што сериозно го презема баритонскиот репертоар и успешно се презентира пред македонската публика.Зема учевство во редовниот оперски репертоар, претставите и премиерите што се изведуваат на фестивалот „Мајски Оперски Вечери”.
Во 2017г гостувал во Астана Опера, Казакстан, толкуваќи ја главната улога на Барон Скарпија во операта „Тоска” од Пучини, каде што режијата е на најголемиот режисер на сите времиња Франко Зиферели.
Во 2022г гостувал во Народно Позориште Београд и настапувал во главната улога на Марчело во „Боеми” од Џ.Пучини, во рамките на иницијативата Отворен Балкан.
Од 2007 до денес, учествувал на многу оперски фестивали како што се:
„Мајски Оперски Вечери“ – Скопје, Македонија;
„Крижанке“ – Љубљана ,Словенија;
„Емил Чакаров“ – Бургас, Бугарија;
„Моцартови празници“ – Правец, Бугарија;
„Антички театар Пловдив“ – Бугарија;
„ Сцена на вековите Царевец „ во Велико Трново, Бугарија;
„Варненско лето“ во Варна, Бугарија;
Опера Стара Загора, Операта во Русе, многукратно гостува во Национална Софиска Опера во Р.Бугарија, Националната Опера во Сараево, БИХ и Народно Позориште Београд, Србија.
Во 2024 г. гостуваше во Национална Софиска Опера каде што ја толкуваше главната улога на Набуко во операта „Набуко“ од Џ.Верди, каде што извојува голем триумф и на високо ниво ја претстави својата оперска куќа и државата.
Оперските критичари за него пишуваат критики опишуваќи го комлетно неговото гласово и техничко владеење, прецизност , умешност, експресивна интерпретација и креативна визија.Многу од италјанските и словенските критичари неговиот длабок и моќен глас го споредуваа со старите италјански баритони од минатото поколение. Музичката критика во Р.Бугарија за неговиот настап во насловната улогата на вавилонскиот крал Набуко во истоименатата опера од Џ.Верди пишува
„Марјан Јованоски во улогата на Набуко направи незаборавен спектакал. Со својот длабок и моќен глас ,тој успеа да ја предаде бурата од чувства на ликот, додека преминуваше преку сложениот, емоционален и морален конфликт. Јованоски демонстрираше не само техничко совршенство, но и сериозно сценско присуство, со кое ја потцртуваше неговата способност да му внесе реалност и човечност на легендарниот вавилонски крал. Тоа беше еден редок момент, кога вокалната моќ и актерското мајсторство се сливаат во полна хармонија“.
Неговиот репертоар ги вклучува улогите:
– Набуко во „Набуко“
– Риголето во „Риголето“
– Симон Боканегра во „Симон Боцанегра“
– Дон Карлос од Варгас во „Моќ на Судбината“;
– Гроф Луна во „Трубадур“;
– Маркиз Поза во „Дон Карлос“;
– Ренато во „Бал под Маски“;
– Ецио во „Атила“;
– Жорж Жермон во „Травијата“;
– Амонасро во „Аида“;
– Скарпија во „Тоска“;
– Марчело во “Боеми“;
– Шарплес во „Мадам Батерфлај“;
– Тонио во „Паљачи“;
– Алфио во „Кавалерија Рустикана“;
– Ескамило во „Кармен“;
– Мишонет во „Адријана Лекуврер“;
– Фигаро во „Севилски Бербер“;
– Енрико во „Лучија од Ламермур“;
Соработката со реномирани режисери и диригенти, како и солисти со меѓународна репутација, дополнително ја потврдува неговата извонредна уметничка кариера.